Методические указания. — Штип: издательство университета Гоце
Делчева. — 66 с.
Оваа скрипта им е наменета на студентите-македонисти на Филолошкиот
факултет на Универзитетот „Гоце Делчев", но може да биде полезна за
сите лектори што обучуваат странски изучувачи на македонскиот ј
азик.
Материјалот е поделен на 10 наставни единици. Првите 5 единици се
посветени на теми кои се општи во поглед на странскиот јазик што се
изучува (со исклучок на воведната прва). Во нив даваме приказ на
реалната состојба со изучувањето на македонскиот јазик во светот,
се занимаваме со дисциплините што ја чинат теоријата на изучувањето
на странските јазици, со психолошките аспекти на изучувањето на
странските јазици, со билингвизмот, со термините интерференција и
девијација, и особено внимание посветуваме на методите на јазичната
обука.
Втората половина од скриптава, вторите 5 единици (од петта до
десетта) се однесуваат конкретно на совлаувањето на поединечните
делови од системот на македонскиот јазик. Нудиме предлози и совети
за ефикасно запаметување на лексиката на македонскиот јазик, ја
разгледуваме артикулациската база на македонскиот јазик, а потоа
детално се задржуваме на најкомпликуваните особености од
македонската граматика: системот на минатите времиња, членот,
удвоениот предмет итн.