Скопjе: Зумпрес, 1994. — 198 с.
На македонском языке.
Петре М. Андреевски е писател што високо ја потврди својата дарба и
ги афирмира можностите на македонскиот јазик за модерен
белетристички израз и високите вредности на нашата нова литература.
„Заедничкиот именител на ’содржината‘ на прозата на Петре М.
Андреевски може лесно да се идентификува: тоа е еден зафрлен свет,
свет на маргиналци, исправени пред крупни историски настани (без
разлика дали е тоа светска војна, Првата или Втората, или
колективизацијата). Тие негови ’космички‘ провинцијалци, географски
лоцирани, но утописки портретирани, тие последни живи примероци на
еден ендемски вид кој се повеќе изумира (како во Последните селани)
живеат на работ меѓу историјата и митот, меѓу стварноста и
привидот, меѓу науката и суеверието, меѓу политичката парола и
религијата.“
Венко Андоновски
Венко Андоновски