138.
He e ретко непосредното прибавување, без други
г
раматички показатели, во синтагми од атрибут и именка.
'Гаков e случајот со неменливите придавки примени од
т
урскиот јазик: серт човек, жена, дете, луѓе (в. § 158).
^рурските обрасци од типот самур калпак, шам кајсија,
в
о кои првата именка се јавува како трибут на втората,
придонесле да се установат такви синхагми и во нашиот
јазик. Сп. сила работа, ветар работа. Од турскиот се
калкирани ваквите состави со именката време: ручек време,
уокмна време, жетва време.
139.
Употребата на предлозите e во нашиот современ
јазик позачестена во однос на состојбата во тој поглед во
нашиот стар јазик. Изменувањето на синтетичката декли-
нација оди со засилување на таа употреба, na и со изгра-
дување на нови предлошки конструкции. Така, предлогот
со влегол во конструкции со инструментално значење: со
рака, со мотика, со пушка и сл. Процесот e стар, сп. во
Мак. ев.: ни полкфаите висерт* ваших^ пр-кдк свинФ/ии: дл HE
nonep^Tk ихк th. ногати скоилш; во Хлуд. триод: вкз/иоже
/илжк Д^ВОД^ЛБ. и ковлчк оуда^л tk МЛАТЅМК; и сквл^кшс e
хла/иидољ Ч^ВДЈНЛ овл^кош^ и. Тој се јавува и во некои
српскохрватски говори во кои инаку старата падежна про-
мена се чува добро. Интересно e дека предлогот со не го
прима акцентот врз себе (исклучок во прилошките состави:
сб сила, со време). Упадлива e разликата во акцентирањето:
без рака — со рака и сл. Тоа може да се должи на фактот
што предлогот со влегол во поново време во конструкции
со инструментално значење. Ако e така, во тоа би имале и
едно указание дека акцентирањето бѓз рака и сл. e обоп-
штено пред да навлезе овој предлог во инструменталот на
орудие.
140.
Ред предлошки синтагми укажуваат недвосмислсно
на контактот на нашиот јазик со несловенските балкански
јазици. Употребата на предлозите поради тоа се разликува
во многу случаи од обичната нивна употреба во словен-
ските јазици. Така предлогот од го заменил наполно из:
идам од ipag, излезе од соба, тој e од Приаеп (српхрв. идем
из
града, изашао је из собе, он је из Прилепа). Тој иде
место e во вакви случаи: рипиа од дрво (српхрв. скочио је
с
дрвета). Ваквата употреба на од се согласува со употре-
9 Историја на македонскиот јазик
129