наше време во изведувањето на несвршени глаголи во
ваквите случаи: дотекува, привлекува и сл. Денеска стану-
ваат обични и варијантите дотечува> привлечува и сл., во
кои се врши израмнување спрема сегашната основа.
Кај именките се чуваат добро и до денеска овие ал-
тернации во односот меѓу еднинската и множинската форма:
волк — волци, јунак — јунаци, полог — полози, Влав (Влах) —
Власи и сл. Во овој случај тие се уште се покажуваат дејствени
и вклучуваат во себе и нови зборови во нашата употреба: ку-
лак—кулаци, монолог — монолози, фелах —
феласи
и сл. Отста-
пувања од редувањето х :с имаме во западното наречје во
зборот орев — мн. ореи; сп. ора(в) — ораси во велешкиот
и во северните говори. Ограничувања на овие алтернации
им биле поставени во некои случаи со прераспределба на
извесни наставки. Така станало во вокативната форма во
еднината (в. § 151). Во зборообразувањето тие се исто така
до денеска добро зачувани. Сп. рака — раче — рачка, ноѓа
— ноже — ножици, долѓ — должина, eye (< сух) — су-
шина и сл. Интересно e дека во охридскиот говор, каде
што e зачуван изговорот ѕ наспрема Г (ПОЛОГ — полоѕи),
во зборообразувањето наспрема
Г
се јавува исто така афри-
кат — џ го заменило постарото ж: нога — ноџе, шилеџе и
сл.
Тоа e единствен случај на гласовна замена во оваа
алтернација во нашиот јазик, како што e и чувањето на
изговорот на ѕ во алтернацијата i:s пак својство на охрид-
скиот говор. Очевидно e дека има врска меѓу тие две
особености.
Видовме погоре дека се отклонува алтернацијата
к : ч : ц, Г ; ж : з кај глаголите. Тоа e само една епизода
од процесот на укинување на консонантските алтернации
во општиот дел на глаголите, пројавен во нашиот јазик.
Кај глаголите од IV група такви алтернации се јавувале,
поради јотувањето, во презентот (1 л. еднина наспрема
останатите лица), имперфектот, минатиот активен партицип
I» минатиот пасивен партицип и глаголската именка. Сп.
ст. сл. пофдж*.: пвфдзити, хождадше: ходити, nsurriv
СА:
ПОСТИТИ
СА,
^dSB^aiiJTiHTv: ^зв^атити, ики!Н1«: ивити итн. Меѓутоа рано
формите што алтернирале се израмнуваат со другите форми
кај овие глаголи (носам — носен, родам — роден и сл.).
Во Мак. ев. (13 в.) среќаваме, покрај другото (в. § 80), и
107