меѓа и сл. Тој процес исто не ги засегнал сите наши го-
вори. Додека во северните и централните говори имаме
браќа, цвеќе — луѓе и сл., во појужните говори или се
јавува еден претходен стадиј (братќа, цветќе во гранич-
ниот појас меѓу централните и костурските говори) или
дури јотувањето и воопшто ке e познато, ами се чува
изговорот братја, цветје и сл. (костурски, малешевско-
пирински). И во говорите во кои ова јотување се извр-
шило, во формите за збирна множина се јавува двоен
изговор во случаите како: патје — паќе, брутје — бруќе,
водје — воѓе и сл. Сепак e обично само рабоќе, ливаѓе,
оѓраѓе. Ова двојство произлегува од обновувањето на мор-
фемната граница, бидејќи -је како наставка за збирна мно-
жина e јасно изделено во ред други случаи (сп. снопје,
дабје и сл.).
х. 107. Консонантот л: бил засегнат од процесот на
губењето во сите наши дијалекти. Во едни од нив тој
процес e завршен со тоа што х било истиснато од нивниот
консонантски систем, во други х уште се чува, особено во
некои морфеми, но во ред случаи веќе се загубило. Сли-
ката што ја покажуваат нашите дијалекти во овој поглед
може накратко да се претстави вака. Фонемата х e загу-
бена во северните говори и во западкото наречје. Во се-
верните говори таа се загубила без трага во сите други
позиции, освен во позиција меѓу вокали во случаи како:
снава (<снаха), бева, викава (<беха, викаха) и сл., каде
што се заменила со e. Во северните говори не e обична
појава непосредниот допир на вокалите — тој се откло-
нува и во овој случај со замената x>e. Bo западното
наречје х се загубило во почетокот на зборот (леб, убав
и сл.) и, обично, меѓу вокали (смеа, троа, беа, викаа и
сл.).
Меѓутоа, зад вокалот у тоа обично се заменува со e
(мува, уво, поретко муа, уо), поради заполнување на хи-
јатусот. На крајот на зборот и во средината во соседство
со коисонант х се заменило со в(ф) : нивна, тивка, ветва,
бев, дадов, страв — нифна итн. Во опсегот на западното
наречјо х се чува уште зо некои случаи во охридскиот
градски говор: нихна, тихнит и др. (во минатиот век тие
случаи билс лшогу побројни). Придишпо х, како факулта-
тивен пристап на вокалите во почетокот на зборот, e за-
90