Кај придавките иадаме редовно губење на вокалот во
наставката -ен (-KNT*): лесен — лесна, o, и, болен — болна>
o,
и итн.
Подвижни вокали се јавуваат и во случаи кога во
консонантска група на крајот од зборот се развил втори-
чен вокал (в. § 45). Во овој случај се јавуваат во еднината
и членувани форми без вокал: ветар (ветер) — ветрот,
ветрови, ветришта (наспрема овие форми иде ветерот
образувано од ветер): оган — оѓиот, оѓнови; меѓутоа секо-
гаш со вокал во членуваната форма: пекол — пеколот. Има
одделни случаи да се повеле спрема ваквите зборови со
вторичен вокал и некои зборрви во кои вокалот пред
крај-
ниот консонант e стар. Така од пепел — пепелот имаме
множинска форма пеплишта (во изразот: пеплишта се сто-
ри),
од камен, ремен, пламгн — камни, ремни, пламни.
Во народната песна формата севрои (од север) e образувана
по аналогија на ветрои (сп. во стихот: ветрои силни севрои).
Во битолскиот и охридскиот говор e познат изразот кон
севра. Освен кај именките, подвижни вокали добиени со
развивање на вторичен вокал имаме и. во други категории.
Сп.
во л-формата: рекол — рекла, o, e, пекол — пекла, o,
e и сл.; кај броевите седум—седмиот, осум—осмиот, кај
помошниот глагол: сум — сме.
3.
Од консонантските алтернации најобични се одно-
сите:
к — ч, ц; ѓ — ж, з (ѕ); х (e) — ш, e. Тоа се
алтернацци добиени во резултат на трите прасловенски
палатализации на заднонепчените конеонанти к, i, x (вто-
рата и третата палатализација некои ги поместуваат во пе-
риодот по распадот на прасловенската заедница). Сп. ст.
сл.
влт^кт* — влт^чкцк — влт^ци, BOPTV — воже — Bos*, воѕи;
доух^ — доуше — доуси и сл. Во повеќе случаи овие реду-
вања се отклонети под дејството на морфолошката аналогија.
Тоа e случај пред се во глаголската промена. Во презентот
e отклонет односот к:ч, Г:ж (спореди денеска печам —
пече — печат, можам — може — можат наспрема ст.
сл.
пек* — гичетт* — пекљтт*, ^ог*. — /иожетт^ — /иоглтт^). Од
презентот, ч и ж се пренесло и во императивот: речи, по-
можи (ст. сл. ркци, по/иоѕи — по/иози). Меѓутоа, во аористот
и аористната л-форма споменатиот однос уште се чува:
пеков, (ис)-пече, пекол, стриѓов, (и)-стриже, стригол и сл.
Процесот на отклонување на односот к:ч се одвива во
106