Bo западните говори, исто во врска со тоа, се дошло до
образување на новиот сврзник туку (развиен од прилогот
толку со значење „само"). Во нашиот литературен јазик
повторно се соживува употребата на стариот сврзник во
варијаита но, дојдена од рускиот јазик.
Бројот на приредените сврзници (како, впрочем, и на
подредените и на модалните зборови) примени од турскиот
e значителен во нашиот народен јазик. Нивното усвојување
не произлегувало секогаш од потребата да се замени еден
сврзник што станал неизразен, како во случајот со нт*. Во
повеќе случаи тие се употребуваат наспоредно со старите
словенски сврзници. Во копулативните ем иде покрај и, но
тоа се чувствувало како поекспресивно во случаи кога
сврзникот врши служба на партикула за потсилување (ем
Гол,
ем зол). Во адверзативните, покрај веќе споменатото
ама, често се употребува анџак ,,и така" (анџак сме и «we-
обајцата тука). Меѓу дисјунктивните ги имаме: де , . . де,
јок . . . јок „час . . . час" (де едно де gpyio; јок ова јок она).
ја . . . ја, јали . . . јали, a ... а „или ... win". Есклузивни
сврзници од турско потекло се сал, салте, cage, иља „само";
конклузивни: демек ,,значи, спрема тоа", зате, зати „и
така". Примањето на овие синтаксички елементи сведочи
camo no себе за силното влијание на турскиот јазик врз
нашиот (в. § 227). Во литературниот јазик денеска пове-
^ето од нив не се употребуваат, така што се иде до пов-
торно соживување на употребата на соодветните словенски
сврзници.
Сложена реченица. Хипотакса. 128. Во хипотак-
сата се забележува во повеќе случаи пригодување на на-
шата реченица кон моделите својствени за балканските
јазици. Пред се тука треба да се спомене разликата што
се прави во тие јазици меѓу поврзувањето на финалните
реченици, од една страна, и комплетивните од друга. Фи-
налните реченици се воведуваат во нашиот јазик со сврз-
никот да, за да, а комплетивните со дека, оти, што. Сп.
тој дојде (за) да те види. — тој рече дека. ќе дојде. Во
српхрв. во двата случаи се употребува сврзникот да: дошао
је да те види. — рекао је да he gohu. Поврзувањето на
споменатите реченици со различни сврзници e особеност на
балканските јазици. Во нив ги имамс како финални сврз-
122