171.
Процесот на изместување на старите падежни
формис e долготраен процес. Иако во основното ги дал
своите резултати веќе до 15 в., тој не e наполно завршен
цИ до денеска. Кај заменките како се уште живи форми
Г
И имаме дативот и акузативот, а во некои говори, што се
в
о овој поглед поархаични, имаме остатоци од падежната
промена и кај именките. Во повеќе западни говори жива
е
дативната форма во еднина од личните имиња и од
цменките- што значат сродство: мајке, сестре, Петреве,
Стојану и сл. Во архаичниот корчански говор (Бобошчица)
имаме, освен тоа, и дативна форма во лшожината (стар-
цитим и сл.Ј и акузативна во еднината (старцатого). Во
некои северни говори (Скопска Црногорија, Тетовско) се
среќава дативот од лични имиња и во посесивна служба:
Милану Зетовому снава му; викни Га Малану Бојчовому
татка.
Меѓутоа, сето ова e денеска маргинална појава во
нашиот јазик, трага од една состојба што e веќе одживеана.
Притоа овие остатоци се повеќе се истиснуваат. Дури и во
промената на заменките напредува тој процес и понатаму,
опфаќајќи ги долгите форми за дативот, така што, на при-
мер,
na кого (место или покрај кому) e обично во сите
наши говори, а предлошките состави на мене, на нас (м.
мене, нам) и сл. се денеска карактеристични за источното
наречје.
172.
Ние имавме веќе можност (в. § 145—146) да
говориме за тоа како по пат на аналогни израмнувања мегу
именските форми од различни основи се извршило значи-
телно упростување на морфолошкиот состав на деклинаци-
јата наследена од прасловенскиот јазик. Тоа e појава ка-
рактеристична за сите словенски јазици. Меѓутоа, во
словенските говори во југоисточниот дел на Балканот
(Македонија, Бугарија, југоисточна Србија), покрај тоа,
почнува рано да се одвива и оној многу покоренит процес
на преобразување на синтетичката во аналитичка деклина-
Ција, што доведува до истиснување од употреба на најго-
ледшот број на падежни морфеми. Подбудата за тоа прео-
бразување доаѓа несомнено од балканската јазична средина.
Аналитичката деклинација e карактеристична и за грчкиот,
и за албанскиот, и за романскиот јазик.
155