упростување на деклинацијата (бугарскиот, македонскиот)
се јавува сложен глаголски систем, и, обратно, во оние во
кои e зачувана старата падежна промена се извршило упро-
стување на глаголскиот систем.
Македонскнот јазик, пред се во западното наречје, се
јавува со покомпликуван глаголски систем и во однос на
бугарскиот јазик. Тоа произлегува отаде што под влијание
на балканските јазици се развиле во македонскиот нови
глаголски конструкции од типот имам дојдено и сум дојден.
Бидејќи покрај нив се чува и старата конструкција сум
дошол јасно e какви сложени односи се создаваат во сопо-
ставувањето на сите тие конструкции за изразување на
минатост. Тие и предаваат извесни дистинкции, но и се
неутрализираат една со друга во некои контексти.
Некои стари форми биле сепак истиснати од употре-
бата. Тоа се, што e сосем нормално да се очекува, именски
форми на глаголот: инфинитивот и некои партиципи. Ка-
рактеристична појава во системот на именските форми на
глаголот e развивањето на една општа партиципна форма,
врз основа и со формалните обележја на некогашниот па-
сивен партицип на минатото време: паднат, умрен, дојден
и сл. Нејзиното установување e тесно сврзано со цојовата
и ширењето на споменатите конструкции од типот имам
дојдено И сум дојден.
Граматички категории кај глаголот. Вид. 182.
Разликувањето на свршени и несвршени глаголи e типична
особеност на словенската јазична група, која не само што
се зачувала во нашиот јазик, ами има пројавено посебна
жизненост. Работата e во тоа што e оваа граматичка кате-
горија неразделно сврзана со морфолошките средства за
произведување на нови глаголски зборови, онака како што
e во групата на имињата сврзана со зборообразувачките
елементи категоријата на родот.
Глаголите се изведуваат со префиксација и суфикса-
ција. Во нашиот јазик се пројавува, од една страна, извон-
редна продуктивност на некои префикси (за-, go-, на-, при-,
пре-, по- и дрЈ и, од друга страна, извонредна продуктив-
ност на суфиксот -ува-, со кој се изведуваат несвршени
глаголи. Кога станува збор за продуктивноста на префик-
сите во нашиот јазик, тоа значи дека со нив се изведуваат
168