за губење на -т во 3 л., бидејќи во новиот однос како
викам — викаш — вика последнава форма e доволно из-
разна и без секаква наставка. Се разбира, установувањето
на -м не морало непосредно да го повлече по себе губењето
на -т (во градскиот охридски говор уште се чува добро
таа наставка, иако e во 1 л. едн. установена наставката -м).
Примери за губењето на наставката -тк среќаваме веќе во
старословенските текстови. Сп. во Зогр. ев. достои, подокаа,
во Map. ев. клде и др. Во текстовите од охридскиот круг
од 12 —13 в. таквите примери се сосем ретки (во Охр. ап.
само e, клд£, во Бол. пс. само e, н^, достои). Тоа се согла-
сува со состојбата во охридскиот говор зачувана и до де-
неска. Во Струм. ап. од 13 в. таквите примери се доста
чести: сктеори, вкзиде, скончае, гиаголс СА, ПОЕ, призове, ВЃЛИЧИ
и др. Губењето на -т во 3 л. едн. e еден од оние случаи
кога припадноста кон морфема што станува излишна, или
изразна и без даден глас, ја ослабува позицијата на тој глас.
Таков случај имаме и при губењето на т во членската
форма -о(т) (в. § 169). Се забележува дека во нашите
дијалекти постои извесна наспоредност меѓу овие две појави.
Старата наставка за 1 л. мн. била -лп\. Во санди таа
се јавува во ст. сл. и во варијанта -хт: ЕСКЛШ (Зогр. ев.).
Во нашиот современ јазик таа има облик -ме (поинаку во
северните говори, каде што обликот -мо се установил под
влијание на српските говори). Наставката -ме се среќава
првпат во охридските текстови од 12 —13 в. Во Охрид-
скиот апостол имаме: еслк (повеќе пати), и/идле (повеќе пати),
да/ие,
И/И1, R^^ytMt; во Болонскиот псалтир: «С/ИЕ, ккме, испо-
вкме
СА,
имлме
(така и во аористната форма: ктахоли). Се
забележува дека скоро сите овие случаи претставуваат форми
од групата на атематските глаголи. Кај тие глаголи, по гу-
бењето на крајните ерови, совпаднале формите за 1 л.
едн. и мн. (далњ: да/ит^). Co наставката -ме се отклонила таа
омонимија, na не e чудно што ја наоѓаме првпат имено во
такви случаи. Наставката -ме се образувала со проширу-
вање на
-м(т>),
веројатно со наслон на 2 л. мн. (-те) и
на проширената форма од личната заменка за 1 л. мн.
(ние).
Дека формата на личните заменки можела да влијае
врз глаголските форми, можеме да видиме во дијалектните
форми од помошниот глагол: (ние) сне, (вие) све, како и
190