молчитолчи. Суцстантивизирање на императивот познава
грчкиот јазик: тб гџка. „влез". Во него се среќаваат и суп-
стантивизирапи двојни форми на императивот: то 'Хофе џк тб
урафѕ ур&фе го доби со многу пишување (буквално: со пиши
пиши),
£va slcTvjT^pto reave xi' £Xa „повратна возна карта"
(буквално: едиа карта појдидојди). Нашиот јазик во овој
случај копирал еден образец од грчкиот.
Во образувањето на сложени зборови се изразило и
влијанието на турскиот јазик. Така имаке сложенки добиени
со директно прибавување на составните делови, без споен
вокал и без флективни граматички показатели: таналва,
небетшеќерз
ракпсапун и сл. Се среќава редупликацијата
како еден од начините за образување на сложени прилози
(и на други зборови). Тоа e исто примено од турскиот јазик.
Сп.
каршп-карши, како непосредна заемка, и, од друга
страна,
зѓора-зѓора
како калка спрема тур. ustten tiste. Редуп-
ликацијата, како средство за образување на сложени збо-
рови, ја познава во извесна мера од старо време грчкиот
јазик. Сепак не може да се откаже дека во поглед на пре-
несувањето на овој модел во нашиот јазик предоминантно
било влијанието на турскиот.
218.
Во рамките на наследениот систем на зборообразу-
вачки средства станувале промени што се одразувале врз
продуктивноста на одделни елементи и врз нивното комби-
нирање во нови споеви. Некои наставки станале иепродук-
тивни во нашиот јазик и се среќаваат денеска само во
одделни случаи. Така, кај именкиге, наставката -ич ја сре-
ќаваме во младич, белич, па и тоа се зборови што не се
општо распространети во нашиот јазик. Наставката -ај e
исто така непродуктивна: ратај
у
збор познат во народната
поезија, не e обичен во современиот јазик; обичај, случај
се зборови лримени по книжевен пат; извештај, сообраќај,
намештај се зборови пренесени во ново време од српско-
хрватскиот па, иако имаат широка употреба, сб уште се
чувствуваат како недоволно адаптирани во нашиот јазик,
покрај другото и поради необичиоста на наставката ~ај.
Од друга страна наставките -ба, -еж и др. ја изразувале
својата жизненост во повеќе изведувања во минатото и
денеска (в. § 222). Наставката -ач, позната и во прасловен-
скиот, придобила голема продуктивност во јужнословен-
208