Остануваат во нашиот јазик и оние неподозирани од
говорителите обрасци калкирани од турскиот јазик, во кои
со надворешната словенска форма се сврзала внатрешна
форма пренесена од турскиот јазик. Калките од турскиот
се бројни во нашиот јазик. Така, на npmiep, во зборот
рака значењата „делење на карти" и „собирање на тутун"
се развиле по образец на тоа што истите значења ги има
турското el. Значењето „можност, средства, пари" во зборот
време се развило спрема тур. vakit кое покрај основното
значење „време" го има и споменатото значење. Во некои
иаши дијалекти дете се јавува со значење „маж, момче
ѓс
.
Турското gocuk го има тоа значење покрај значењето „син,
машко дете". Прилогот згора-згора „површно" e превод на
турското tistten tiste. Глаголот држи во контексти како драси
празник и држи една кумаповка (т. e. жена му e кумановка)
се посреќава со соодветните значења на тур. tutniak. Исто
глаголот трга со gekmek во значењата „мери на кантар и
сл.'
с
и „се мачи, страда". Ред фразеолошки изрази во на-
шиот јазик имаат образец во турскиот: му сече умот (akli
kesmekjy му фаќа умот (aklinda tutmak), му се плаши окото
(gozti korkmak) и др.
Покрај иолнозначните зборови од турскиот биле при-
мсни п повеќе службени зборови (сврзници, партикули и
др.):
ем, ама, анџак, де . . . де, ја . .
.
ја, јок . .
.
јок, a . . . а
}
сал(те),
садс, иља, санки(м), заре> зер, ди(љ)ми, чунки,
макар, демек, баре(м), 5иле, днп, ич, асли, баш и др. За
сврзниците в. § 127.
Некои турски наставки станале продуктивни во на-
шиот јазик. Кај именките тоа се наставките -џија, -чија
(тур.
-ci, ci, ~си, -сп, односно -gi итн.), -лак (ryp. -lik,
-lick,
-lik, -li'tk) : големџија, повелџија, песлак, војнаклак и сл. Тие
се продуктивни и во нашиот современ јазик, меѓутоа, но-
вите образувања со нив, како филмаџија, фестивалџија, носат
призвук на подбивност, иронија и сл. Некогаш неутрални
наставки, тие се користат сега како наставки со емоционална
окраска, што станало можно поради она ограничување на
нзвестш турцизми во сферата na архаичниот биг, за кое
веќе гопоревме.
220