заменки пред глаголот во почетокот на реченицата (ме
виде, Го зеде), употребата на глаголски конструкции со имам
(имам видено) итн. Овие особености не се обични во ист.
мак. говори (конструкциите како имам видено се сепак за-
бележани во Солунско). Co губењето на извесни консонанти
во интервокалната позиција, дошла до израз во зап. мак.
тенденцијата за скратување на зборовите, во резултат на
што во некои говори се иде до појава на нови вокали —
широко o и e (то
а
р, стре
а
, сп. во СтруШко твар, чвек).
Тенденцијата на скратување на зборовите e изразена и во
ист. мак. говори, но таа се врши таму на цоинаков начин,.
со елизија на вокалите, поради нивната силна редукција
(жента, детто и сл.).
7.
Како што веќе споменавме, во обете наречја на мак.
јазик влегуваат повеќе месни говори што меѓу себе се
разликуваат со одделни повеќе или помалку изразити црти.
Еден од основните критериуми за натамошната поделба на
тие наречја e различната замена на назалот л во нив. И
во зап. и во ист. наречје се разликуваат по овој белег
З^-говори на север (рука, пут), а-говори во средишниот
цојас (рака, пат), а-говори на југ (рака, пат). На
крај-
ниот југозапад и на крајниот југоисток постојат говори што
зачувале траги од некогашниот назален изговор на вокалите
А,
А (манџо, дамбо, гренди, пендесе). Географското распро-
странување на рефлексите на назалот л во македонските
наречја укажува на нивната поврзаност во правецот запад
—исток, како и на нивната „слоевитост" во цравецот север
—југ. Може да се приведат и повеќе црти што при-
ближно го следат истиот правец на простирање. Така e на
пример на. севср скоро исклучива замената ќ, ѓ за црасл.
tj, kt'—dj, во средишниот дел на Македонија се јавуваат
доста зборови и со изговорот шт, жд, додека во јужна
Македонија тој изговор преовладува. Сето ова ја усложнува
сликата на говорната диференцијација на мак. јазик.
Литературниот јазик. 8. Македонскиот литературен
јазик, којшто доби можност на слободен развиток дури по
Втората светска војна, e формиран врз основа на зап. мак.
наречје, цоблиску определено—на зап. мак. а-говори (со
замена а за л: рака, пат), кои се простираат на линијата
Т. Велес—Прилец—Битола. Обично за нив се употребува
15