панските говори. Bo тие дијалекти затврднувањето на не~
парните меки консонанти се одразило со своето асимила-
тивно дејство така што носовката од преден ред преминала
во носовка од заден ред. Денеска неможеме да знаеме до
каде се простирале тие говори, но сигурно e дека тие го
опфаќале Охрид и охридскиот
крај.
Ако денеска имаме во
западните говори шетам, жетва, жеден, чедо {штедам
не e познато во народниот јазик, na и
жеден
не e обично
во некои говори), тоа значи дека во повеќето од нив и не
станала никогаш промената A > л под дејството на фонет-
скиот фактор, за разлика од говорите во регионот на
Охрид. Што се однесува до говорите во тој регион, резул-
татите на тој фонетски процес биле отклонети под воздеј-
ство на дијалектите во кои тој не дејствувал, онака како
што во последниве стотина години во самиот Охрид место
чадо станало обично чедо. Во врска со асилшлативните
промени зад непарните меки консонанти, посебен коментар
бара позицијата зад консонанските групи шт и жд. Кога
се вели обично дека таквите промени се вршеле и зад нив,
тогаш пак просто се оди по обичниот начин на пишување
на тие групи во старите текстови. Меѓутоа, јасно e дека
А
не можело да помине во л зад т и д како втор елемент
во тие групи. Следствено, за говорите во кои станувала
таа замена по фонетски пат треба да замислуваме поинаков
изговор на тие групи, којшто не наоѓал израз во пишу-
вањето, а именр со палатален консонант како втор елемент,
било да сме имале изговор шч, жџ, како и денеска во
охридскиот говор, било можеби шќ, жѓ (в. § 113,3).
Како фонетски процес, од типот на асимилациите,
замената A > л била територијално доста ограничена, по-
ограничена од прешшот м\ > кк. Меѓутоа, во писмениот
јазик авторитетот на охридскиот центар ја наложил оваа
особеност широко на македонскиот терен во 12 —13 век.
Македонското евангелие на поп Јована, еден северномаке-
донски текст од втората половина на 13 век, со своите
примери како грлдца, оувкжца (ace. pi.), прииш^, Ѕко^иша и
сл.
покажува дека во црковниот изговор се респектирала
замената A > л зад непарните меки консонанти и далеку
од Охрид, во дијалектна средина со сосем различен раз-
виток на назалните вокали.
54