Скопје: Магор, 2015. — 302 стр.: илустр. — ISBN 978-608-223-449-6.
Во монографијата “Неолитски фигурини во Македонија” се презентирани
сите досега познати неолитски претстави на човечкото тело
пронајдени на повеќе локалитети датирани околу шестиот милениум
п.н.е. Во неа се обработени клучните аспекти на неолитските
антропоморфни фигурини, вклучувајќи ги нивната географска
распространетост, типологијата, временската припадност, техниките
на изработување, иконографските обележја, како и симболичките
значења што овие предмети ги содржат. Направен е широк
мултидисциплинарен преглед што овозможува целосен увид во скоро
сите аспекти на овие артефакти.
Една од целите на трудот е да покаже дека неолитските антропоморфни фигурини и воопшто материјалната култура не можат да се истражуваат и толкуваат еднонасочно. Тие не се во толкава мера уедначени ниту стандардизирани за да се употреби општа дефиниција на нивното значење и за нивната намена. Мноштвото вакви артефакти варираат според својот изглед, димензиите, контекстот и технолошката изработка, поради што во оваа пригода им се пристапи од повеќе перспективи. Од тие причини, во монографијата се приложени различни анализи и согледувања за улогата на неолитските фигурини во првите земјоделски општества во Македонија, со што воедно се истакна нивното исклучително значење во социјалните и симболичките процеси карактеристични за заедниците кои го населувале овој простор пред околу осум илјади години.